Македонски иноватор создаде шпорет за готвење во природа, кој ги намалува ризиците од шумски пожари, и згора на тоа е еколошки. Мобилниот шпорет, кој користи био маса, односно обновлив извор на енергија му донесе и победа на Трајче Рушев на регионален натпревар за зелени бизнис идеи.