Дојранско Езеро е најмалото од трите природни езера во Македонија. Нивото на водата на овој споменик на природата продолжува да се намалува. За поранешниот професионален рибар Костадин Упчев, езерото е споменик и на „златните“ денови на Дојран. Како изгледа Дојранско Езеро денес низ перспективата на овој мештанин?
https://p.dw.com/p/4lmXg
Реклама
Костадин Упчев секој ден седи трпеливо покрај Дојранско Езеро. Сега само рекреативно, но во 1970-тите, риболовот му бил занает. Упчев вели дека порано се фаќале и по стотици илјади тони риби годишно. Денес на повеќе места, има само отпад.