Во Германија пристигна пред четири месеци и вели дека веќе се прилагодила - Александра Јакимова живее во Ној Изенбург, а работи на Франкфуртскиот аеродром. Изминатите месеци ѝ минале во регулирање на животот во нова земја, но далеку е од тоа дека сѐ завршила. Зашто, списокот на нејзините цели не е мал. Лесно не е, уморот е постојано тука, но ако си упорен, нема неостварливи работи, уверена е таа.