1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиТурција

Двајца мажи спасени 261 час по земјотресот во Турција

ЖА / дпа
17 февруари 2023

Спасувачите во Турција извлекле живи двајца мажи од под урнатините во градот Антакија, 261 час по разорниот земјотрес.

https://p.dw.com/p/4NdBR
Антакија, Турција земјотрес
Спасување преживеани по земјотресот во Антакија, ТурцијаФотографија: Bernat Armangue/AP Photo/picture alliance

Двајца мажи на возраст од 26 и 34 години биле извлечени живи од рушевините во градот Антакија, по цели 261 час од почетокот на земјотресната катастрофа, соопштија спасувачки екипи од Турција. Информацијата ја емитуваше денеска телевизијата блиска до владата, Си-Ен-Ен Турција, нарекувајќи го спасувањето како „двојно чудо“. Веста не може да се провери од независен извор.

Едниот од мажите инсистирал да телефонира со роднините веднаш по извлекувањето, твитна турскиот министер за здравство Фахретин Коџа. Телефонски повиканиот роднина од радост бил облеан во солзи, што е документирано на видео снимка. Спасениот човек, по пружањето првична медицинска помош во монтажна болница, е пренесен во медицинска установа, напиша Коџа на Твитер.

По правило, луѓето можат да преживеат 72 часа без вода. Оние кои се спасувани по овој рок, тврдат медицинарите, мора да нашле некој пристап до течност во урнатините.