Една недела се занимаваа со проблемите на реката Вардар, беа на плажата што ја нема, видоа многу отпад... Ирена Каревска и Ерна Салиху ја завршија авантурата во Скопје, но тука не завршува и нивната работа на #dw_BalkanBooster еко-приказните. За неколку недели ќе работат на еколошки теми во Приштина. Како им беше на Вардар? Па, со низа згоди и незгоди.