Ердоган сака да се повлече од политиката
9 март 2024Локалните избори во Турција на крајот март, според најавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ќе бидат негови последни избори. Набљудувачите на ваквата изјава на 70-годишниот Ердоган гледаат со недоверба. Уште на изборите за претседател во мај 2023 година Ердоган ги повика граѓаните „последен пат“ да му дадат доверба.
Турскиот новинар Рагип Сојлу актуелната најава на претседателот ја коментираше вака: „Имам чувство дека Ердоган со ваквата изјава сака да разбуди емоции за да освои повеќе градови во трката за градоначалници, но 2028 година е нависттина далечна иднина. Дотогаш може да го промени мислењето повеќепати или пак да се обиде да го промени Уставот“,напиша Сојлу на мрежата Х. Во 2028 година во Турција се одржуваат следните редовни претседателски избори.
Реџеп Таип Ердоган со неговата АКП владее повеќе од 20 години во Турција. Прво во 2003 година стана премиер, а во 2014-тата станба претседател на државата. На локалните избори кои претстојат тој не се кандидира директно, но за неговата партија е важно повторно да ги освои Анкара и Истанбул.