1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕП: Од 2035 нема веќе автомобили на дизел и бензин

ЖА /АФП
14 февруари 2023

Европскиот парламент донесе одлука од 2035 година да не се издаваат дозволи за нови автомобили со мотори на внатрешно согорување.

https://p.dw.com/p/4NSsU
Автомобили со мотори на внатрешно согорување
Автомобили со мотори на внатрешно согорувањеФотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow

Мнозинството европарламентарци денеска во Стразбур гласаа од 2035 година да важи забрана за нови автомобили со мотор на дизел или бензин, што е формална согласност на договорот постигнат меѓу Европскиот парламент и земјите-членки во октомври минатата година.

По зеленото светло во националните парламенти, недостигаше уште дефинитивната одлука во ЕП. Согласноста предвидува од 2035 година да се дава дозвола за регистрација само за автомобили и возила без штетни емисии на гасови. Спорна точка во преговорите беше воведувањето исклучок во врска со автомобилите на погон на синтетички горива.

Како да преправите дизел автобус во електричен?

Овие т.н. е-горива најчесто се произведуваат од вода и ЦO2 и притоа се користи електрична енергија. Според договорот од октомври, Европската комисија треба да изврши проверка дали во иднина ќе може да се дава дозвола за возилата на ваков погон.

Германската влада, на инсистирање на германските Либерали, на ниво на ЕУ успеа да дојде до внатрешен компромис за тоа технологиите како што се е-горивата да не бидат однапред исклучени.

ЕК треба да ги претстави и своите планови за намалување на емисијата на ЦО2 од товарните возила и автобусите, пришто повторно во фокусот е прашањето каква улога во иднина ќе има моторот на согорување кај тешките товарни возила и колкаво ќе биде значењето на електромобилноста.

Предлозите на Европската комисија за товарните возила се дел од климатскиот пакет со кој ЕУ планира намалување на емисијата на ЦО2 до 2030 година за 55 проценти