1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоЕвропа

Европскиот суд на правдата ја „удри“ Унгарија по џебот

ЖА
13 јуни 2024

Европскиот суд на правдата воведе финансиски санкции за Унгарија поради неспроведување на правилата на ЕУ за азил. Унгарија треба да плати 200 милиони евра и дневна казна од еден милион евра.

https://p.dw.com/p/4gzCt
Европскиот суд на правдата (ЕСП) во Луксембург
Европскиот суд на правдата (ЕСП) во ЛуксембургФотографија: Harald Tittel/dpa/picture alliance

Европскиот суд на правдата (ЕСП) во Луксембург смета дека унгарската политика за азил е несолидарна и дека претстваува „сосема ново и исклучително сериозно кршење на правото на Унијата“. Според денешната одлука (четврток), Унгарија мора да плати ретроактивна казна од 200 милиони евра и, отсега па натаму, еден милион евра за секој дополнителен ден во кој не ги исполнува барањата на пресудата на ЕСП од декември 2020 година.

Како одговор на  тужбата од Комисијата на ЕУ,  Европскиот суд на правдата во декември 2020 година критикуваше дека Унгарија ги враќа бегалците во Србија без доволна правна заштита или ги задржува во таканаречените транзитни зони.  На бегалците  често им се ускратува можноста да поднесат барање за меѓународна заштита. Бидејќи Унгарија не го спречи ова,  Комисијата на ЕУ  поднесе барање за исплата на  казна против Унгарија.  Највисоките судии на ЕУ сега го следеа ова со необична решителност.

Унгарија „свесно“ ја заобиколува  заедничката бегалска политика на ЕУ.  Ова „прекршување на принципот на искрена соработка“ е „значајна закана за единството на правото на Унијата“ и „сериозно кршење на принципот на солидарност“. Од една страна тоа ги погодува бегалците, но во исто време Унгарија ја префрла фактичката и финансиската одговорност на другите држави на ЕУ, смета Европскиот суд на правдата.