1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КлимаБразил

100 дена без дожд

СН/дв
7 септември 2024

Бразил во моментов ја доживува најголемата суша досега. Во некои градови не врнело повеќе од сто дена. Последиците се драматични.

https://p.dw.com/p/4kNtM
BdTD | Brasilien Humaitá | Drohnenaufnahme von Sandbänken in der historischen Dürre am Madeira-Fluss
Фотографија: Bruno Kelly/REUTERS

Повеќе од една третина од територијата на Бразил во моментов е погодена од екстремна суша. Тоа значи дека повеќе од 12,5 милиони луѓе не виделе дожд повеќе од три месеци. Неколку градови се отсечени од надворешниот свет бидејќи реките не се пловни поради нискиот водостој. Шумски пожари беснеат во повеќе региони.