1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еколошка катастрофа на Дрина

23 јануари 2023

Во Дринско Езеро во Вишеград надојдоа тони отпад, кого во голема мера го донесува надојдената река Лим од Црна Гора, но и притоките Прач, Тара и Пива.

https://p.dw.com/p/4MZMH
Дрина  БиХ Вишеград
По реката Дрина во БиХ пловат тони отпадФотографија: Dado Ruvic/REUTERS

Дрина врти околу Вишеград и носи тони пловечко ѓубре. Сега го прекрива снег, но тука има се` - од пластика до автомобилски гуми. Во водата се поставени синџири кои би требало да го запрат отпадот. Толкавата количина на смет го загрозува и производството на струја во хидроелектраната. Активистите за заштита на животната средина стравуваат дека расчистувањето на реката може да потрае повеќе месеци.