Природа и животна срединаИталија
Екстремна суша на Езерото Гарда
14 март 2023Реклама
Екстремна суша го загрозува Езерото Гарда
Туристичка атракција која буди непријатно чувство: трајната суша создаде нов „мост“ на Езерото Гарда.
Тесната патека низ сината вода до островчето на италијанското Езеро Гарда изгледа романтично. Но, зад таа ненадејна врска со копното се крие екстремна суша. Нивото на водата е околу 60 сантиметри под просекот. Властите и активистите за заштита на природната средина се загрижени, зашто Езерото Гарда не е само туристичка атракција, туку и резервоар на вода.