Карневалско крштевање со пиво
9 февруари 2023Реклама
Нека се вика „Рајнланд“ или „Рајнска област“. Најновиот воз од типот ИЦЕ на Германската железница „Дојче Бан“ свечено беше крстен во Келн, со локалното пиво „Келш“ во рамките на програмата на прочуениот карневал во овој германски град. Карневалските празнувања почнуваат во четврток на 16 февруари и годинава одбележуваат 200 години од постоењето.