Лето, есен, зима за три дена
16 октомври 2023Реклама
Нагла промена на времето во Рудните планини. Откако беше летно топло во петокот и во саботата наутро, есента покажа заби во саботата попладне, а веќе во неделата буквално пристигна зимата. На Фихтелберг на Рудните планини во Германија падна првиот снег сезонава а температурите паднаа до малку над нулата. Дебели снегулки паѓаа од небото околу 13 часот. Туристите беа среќни, како возрасните, така и децата.