1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Најголемата бочва за вино на светот

12 август 2022

Најголемата бочва за вино во светот се наоѓа во винаријата Ердут, во Хрватска.

https://p.dw.com/p/4FREp
BdTD Kroatien | Größtes Weinfass der Welt
Фотографија: Davor Javorovic/Pixsell/IMAGO

Бочвата во Ердут е најголемата дрвена бочва во светот која е во употреба. Таа собира 75.000 литри вино и секогаш е до врв полна со грашевина. Во неа е вградена „цела шума“, односно 109 дабови. Празна тежи 20 тони, а на себе има два и пол тона железни окови.

Изработката на бочвата траела 10 години, а ја има изработено славонската бочварница ДИК Ѓурѓеновац. Украсното дно на бочвата го има исклесано познатиот славонски скулптор Мато Тијардовиќ.

На оваа фотографија: членката на управниот одбор на лозјата Ердут, Дуња Вукмировиќ и главниот енолог Дамир Ришек на отворањето на „Големата бочва“, на 11 август 2022 година.