ПанорамаИталија
Освежување во жегата
18 јули 2023Реклама
Температурите во Рим достигнаа до 43-от степен, а на Сицилија и Сардинија е уште потопло. Ова е трет топлотен бран во Италија летово. Во дури 17 градови е прогласен највисок степен на предупредување од горештини.
Високите температури се тежок тест не само за човечкиот организам, туку и за животните, па вработените во зоолошките градини се обидуваат да ги разладат жителите на секаков можен начин - на пример со замрзната лубеница, како на оваа фотографија.