1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парада на пингвини

13 декември 2024

Тие се една од главните атракции во Зоолошката градина во Асахијама во Јапонија – „маршот“ на пингвините секогаш привлекува внимание на посетителите.

https://p.dw.com/p/4o5XH
Парада на пингвини, Јапонија
Парада на пингвини, ЈапонијаФотографија: kyodo/dpa/picture alliance

На радост на посетителите, и оваа зима пингвините шетаат по снежната патека долга 500 метри во Зоолошката градина Асахијама на јапонскиот остров Хокаидо.

Традицијата на прошетка на пингвините по посебна траса надвор од нивниот ограден простор се одржува од 2002 година, а пингвините „маршираат“ два пати дневно сѐ до март, кога снегот почнува да се топи.