1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Природа и животна срединаСоединети Американски Држави

Продолжен топлотен бран

7 август 2023

Семејство во американската сојузна држава Јужна Каролина го гледа залезот на сонцето на крајот од уште еден пеколен ден.

https://p.dw.com/p/4UqGt
Залез на сонцето во Јужна Каролина, САД
Залез на сонцето во Јужна Каролина, САДФотографија: Richard Ellis/ZUMA Wire/IMAGO

Продолжениот топлотен бран во јужниот дел на САД и натаму носи екстремни горештини. Од горештините се погодени десетици милиони Американци. Американскиот претседател Џо Бајден пред неколку дена најави мерки, кои, меѓу другото, предвидуваат подобра заштита на работниците кои се изложени на екстремна горештина, како градежниците или земјоделците. Тие би требало да добијат платени паузи за да консумираат течности.

Освен тоа, владата на Бајден сака на американската агенција за клима НОАА да ѝ стави на располагање повеќе пари за да може да се прават попрецизни прогнози. Би требало да се инвестира и во зголемување на капацитетите на резервоарите за вода и обезбедување чиста вода за пиење во западните сојузни држави кои се погодени од суша.

Американскиот претседател објасни дека за да се реагира брзо на моменталната ситуација, во целата земја ќе бидат отворени т.н. Центри за ладење. Тоа се климатиизирани простории во кои лиѓето може да се оладат.

Големите горештини, меѓутоа, како што може да се види и од оваа фотографија, носат и глетки кои предизвикуваат восхитеност. Ова семејство во Јужна Каролина ужива во залезот на сонцето на крајот од еден екстремно топол ден.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема