СпортФранција
Сигурен погодок на Олимпијадата
1 август 2024Реклама
Со кош и баскет на глава на натпреварот во кошарка 3х3 помеѓу Летонија и Литванија на Олимписките игри во Париз. Победник беше Летонија, а радоста на навивачите, како на човекот на оваа фотографија - неизмерна.
Кошарката 3х3 е варијанта во која на полето се по тројца играчи од секој тим и за разлика од кошарката со по пет играчи, се игра на еден кош. Кошаркарската федерација ФИБА направи проба со овој вид натпревари во 2007 година во Азија, а во 2010 година, на Олимпписките младински игри во Сингапур се одржа и првиот официјален ФИБА-натпревар во ваква форма.