Природа и животна срединаИталија
„Сладолед“ за тигарот
24 јули 2024Реклама
Италијанската престолнина во моментов е зафатена од топлотен бран со температури до 38 степени. Додека луѓето можат да се освежат со вкусен џелато во некој од безбројните продавници за сладолед Рим, ниту животните, жители на зоолошката градина Биопарко не остануваат со празни раце. Овој тигар доби голема порција од она што е веројатно омилениот вкус на сладолед на секоја голема мачка: свинска коленица.