Со втренчен поглед во очекување на резултатите
6 ноември 2024Кандидатката на Демократите за претседател на САД, Камала Харис, соопшти дека нема да се обрати во текот на изборната ноќ. Од изборниот тим на Харис на присутните во Универзитетот Хауард на настанот во организација на Демократската партија беше речено дека Харис ќе се обрати во текот на наредниот ден, поради тоа што сѐ уште се пребројуваат гласови.
Во меѓувреме, приврзаниците на демократката веќе почнаа да го напуштаат универзитетскиот простор. Расположението стануваше сè помрачно во текот на пристигнувањето на резултатите, кои засега покажуваат дека републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп се приближува до победата. Според американските медиуми, меѓу другото, тој победи и на изборите во „свинг“-државите Северна Каролина и Џорџија.