1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
СпортГрција

Специјален олимписки товар

СН/дв
30 април 2024

Историскиот брод „Белем“ го поминува Коринтскиот канал во Грција. На бродот е: Олимпискиот оган. Му претстои долг пат до свеченото отворање на Олимписките игри во Париз на 26 јули.

https://p.dw.com/p/4fKpQ
BdTD Griechenland | Transport des olympischen Feuers nach Frankreich
Фотографија: Michael Varaklas/AP/dpa/picture alliance

Едреникот со три јарболи од 19 век, „Белем“ го поминува Коринтскиот канал, кој го дели полуостровот Пелопонез од грчкото копно. На бродот е олимпискиот оган, запален во древната Олимпија. Сега „Белем“ оди кон Марсеј. Оттаму, пламенот ќе биде испратен ширум Франција - па дури и на прекуморските територии - до отворањето на Олимписките игри на 26 јули.