Фотографија на денот: Штедење струја
10 август 2022Реклама
Оваа фотографија е комбинација од две фотографии - на левата може да се види катедралата во Келн во издание со светло, а на десната е прикажан објектот во мрак.
За да се штеди струја во времиња на енергетска криза, катедралата ноќе нема да биде осветлена, соопшти Град Келн. Светлата сега се исклучуваат во 23 часот, а наесен тоа ќе се прави веќе во 22 часот.
Покрај катедралата, светлата ќе се исклучуваат на уште 131 објект, а кризата ќе влијае и на уличното осветление, кое ќе се вклучува подоцна и ќе се исклучува порано.