1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тажната повторна средба со потопено село во Грција

5 септември 2024

Селото Калио поплавено пред неколку децении повторно се издигнува од акумулација во грчките планини, зашто вештачкото езеро останува без вода. Луѓето во областа се загрижени. И на главниот град Атина му треба езерото.

https://p.dw.com/p/4kI5R
„Исплива“ потопено село во Грција
„Исплива“ потопено село во Грција Фотографија: Stelios Misinas/REUTERS

Не секоја повторна средба е среќна: во случајот со грчкото село Калио, тоа е повеќе причина за загриженост. Ова село во грчките планини нормално треба да е невидливо. Пред неколку децении, Калио беше поплавено и потона во акумулацијата Морнос, која го снабдува главниот град на Грција, Атина со свежа вода. Сега падот на нивото на водата повторно ги изложува покривите и остатоците од ѕидовите. Екстремната суша предизвика акумулацијата да се намали за една четвртина во рок од две години.