1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаСоединети Американски Држави

Вода никогаш помалку

СН/дв
22 август 2022

На карпите, може јасно да се види до каде вообичаено достигнува нивото на водата во акумулациското езеро Мид на границата меѓу Аризона и Невада. Во моментов водостојот е на негативен рекорд.

https://p.dw.com/p/4FqoT
BdTD | USA
Фотографија: Justin Sullivan/Getty Images/AFP

Лејк Мид на границата меѓу двете американски сојузни држави Аризона и Невада е најголемото американско вештачко езеро. Тоа се полни од реката Колорадо и служи за добивање на електрична енергија и за снабдување со вода за пиење. Но деновиве тоа е на само 27 насто од капацитетот односно водостојот е на најниско ниво досега. Граѓаните од овој дел на САД беа повторно повикани да штедат вода поради екстремната суша.