СпортФранција
Златен олимписки медал за контроверзната боксерка Келиф
10 август 2024Реклама
25-годишната боксерка ја одбележа најголемата победа во својата кариера со голема прослава на трибините во Париз, каде што беа присутни многу нејзини сонародници. Имане Келиф е прва боксерка од Алжир со олимписко злато.
„Јас сум жена како и секоја друга жена. Живеам како жена, се натпреварувам како жена, околу тоа не треба да постои сомнеж ", изјави Келиф по победата.
Келиф е една од двете боксерки на Олимпијадата во Париз, заедно со Лин Ју во категоријата до 57 килограми, кои добија забрана за настап од Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) откако двете паднаа на тест за пол направен од ИБА.