1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотоволтаици на секој кров без административни пречки

БГ
30 август 2022

Македонската Влада во вторникот усвои нови, поедноставени процедури за инсталирање на фотоволтаични електрани на покривите на домаќинствата и стопанските објекти.

https://p.dw.com/p/4GEND
Северна Македонија Фотоволтаици
Сончеви колектори на фирмата ЕфиксФотографија: Privat

Граѓаните и фирмите повеќе нема да имаат обврска да бараат одобрение од општините за поставување на фотоволтаици на своите домови, одлучи владата на денешната седница. Предложени се законски измени кои ќе ги олеснат постапките за поставување фотоволтаици во домовите и фирмите. Измените, кои ќе треба да ги усвои Собранието, ги презентираше министерот за транспорт Благој Бочварски. 

„Инвеститорите на електроцентралата се должни само да ја известат единицата на локалната самоуправа за поставување на електронапонска централа и да ги достават следните документи: Извод од Централен регистар доколку инвеститорот е правно лице, што значи за фирмите или компаниите или копија од лична карта доколку инвеститорот е физичко лице за куќа или домаќинство, имотен лист за објектот на кој се предвидува да се постави фотонапонска електроцентрала или доколку објектот не е во сопственост на инвеститорот се доставува договор склучен со сопственикот на објектот или писмена согласност од сопственикот“, информираше Бочварски. 

До 6 киловати за приватни објекти 

Со измените и дополнувањата на Законот за градење кои ги предлага владата, се овозможува на објектите во индивидуална сопственост да бидат поставени фотонапонски електрани со моќност од 6 киловати, а на стопанските објекти со моќ до 40 киловати. 

Фотоволтаици Сонце Енергија
Инсталирање на фотоволтаициФотографија: picture-alliance/dpa/J.-U.Ronneburger

Заинтересирани граѓани ќе треба да достават и основен проект за инсталацијата, а фотоволтаиците ќе ги поставуваат само изведувачи со лиценца. Фотонапонската електроцентрала ќе биде директно приклучена на електроенергетската инфраструктура, односно на приклучокот на ЕВН. Контролата ќе ја вршат градежни инспектори.

Бочварски се надева дека отстранувањето на досегашните административни пречки ќе им помогне на граѓаните и фирмите побрзо да доаѓаат до посакуваните фотоволтаици.

„Сметаме дека оваа измена е клучна заради тоа што ги тргаме административните бариери, пред се, во општините, бидејќи тие ги издаваа овие решенија досега и со тоа сега ја префрламе обврската на самите инвеститори – граѓаните час поскоро да изготват свои проектни документации“, рече Бочварски.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи