1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГерманија

Германија: Бионтек на суд поради ефектите од вакцината

БГ /РТР
12 јуни 2023

Компанијата Бионтек денеска за првпат пред суд ќе се брани од обвинувањата за негативни ефекти од вакцината против вирусот Ковид-19, прв од потенцијално стотиците слични случаи.

https://p.dw.com/p/4SSge
Коронавирус Вакцина
Стотици пациент се жалат од несакани последици поради вакцината на Бионтек/ФајзерФотографија: JEFF PACHOUD/AFP

Првата тужба против Бионтек ја покрена жена, чие име поради законите во Германија не смее да се објави, и бара отштета од 150 илјади евра од фармацевтскиот гигант поради бројни здравствени последици. Процесот го води суд во германскиот град Хамбург. 

Тужителката тврди дека претрпела болки во горниот дел на телото, отечени екстремитети, умор и проблеми со спиењето поради вакцината. 

Нејзиниот адвокат Тобијас Улбрих изјави дека планира пред судот да ја оспори проценката на регулаторите на ЕУ и на Германија, дека вакцината на Бионтек имала позитивен сооднос на ризици и бенефити.

Германскиот фармацевтски закон наведува дека производителите на лекови или вакцини се должни да плаќаат отштета за несакани ефекти доколку „медицинската наука“ покаже дека нивните производи предизвикуваат диспропорционална штета во однос на бенефитите, или доколку упатството е погрешно. 

Бионтек, кој ја разви вакцината заедно со Фајзер, тврди дека случајот нема никаква основа,  потенцирајќи дека над 1,5 милијарди луѓе биле вакцинирани ширум светот, од кои 64 милиони во Германија. 

ЕМА: Вакцината е безбедна 

Европската медицинска агенција (ЕМА) тврди дека вакцината на Фајзер/Бионтек е безбедна за користење. 

Проценките во ЕМА се дека вакцините помогнале да се спасат животите на најмалку 20 милиони луѓе во светот и тоа само во првата година на пандемијата. Постои само мал ризик од миокардитис и перикардитис, два типа на срцево воспалние, најчесто кај млади мажи, тврди ЕМА. 

Неочекувани странични ефекти се ретки откако еден лек ќе биде одобрен од регулаторите. Но, големата брзина со која се развиваа ковид-вакцините за време на пандемијата, значи дека некои несакани ефекти не можеа да бидат откриени навреме. 

„Бионтек“: Турското семејство кое ја создаде вакцината против коронавирусот

Во ЕМА досега се регистрирани околу 1,7 милиони извештаи за нус-појави, што е околу 0,2 отсто на 100 вбризгани дози. Најчестите несакани ефекти се главоболки, треска, замор и болки во мускулите. 

Адвокатската компанија Рогерт и Улбрих соопшти дека застапува околу 250 клиенти кои бараат отштета во Германија, а фирмата Цезар-Прелер уште 100, со што се проценува дека се покриени сите тужби во земјата. Слични тужби има и во Италија.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема