1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГерманија

Германија: Нема веќе носење маски во јавниот сообраќај

Тагесшау
2 февруари 2023

По цели три години обврска за носење маски во јавниот сообраќај во Германија, од денеска тоа веќе не е е задолжително.

https://p.dw.com/p/4N0G3
Маските веќе не се задолжителни
Маските веќе не се задолжителниФотографија: Sebastian Gollnow/dpa/picture alliance

Во автобусите и возовите е повторно можно возење без маска. По речиси три години пандемија на коронавирус, од денеска (2.02) веќе не е задолжително да се носи маска и во возовите на долги релации.

Сообраќајните претпријатија се изјаснија за укинување на ваквата обврска во јавниот сообраќај. „Обврска за носење маски, според браншата, одамна веќе не е потребна ако се земе предвид состојбата со пандемијата“, соопшти портпарол на Асоцијацијата на германски транспортни компании (ВДВ). „И, стануваше сè потешко да се спроведе ваквата обврска и на патниците да им се објасни зошто не мораше да се носи маска во полн авион или во распродадена концертна сала, а се носеше во автобус и воз на пат до аеродромот или кон местото на одржување на концертот“.

Дури и Германската железница, која инаку е воздржана со барања до сојузната влада, уште пред неколку недели се изјасни за укинување на обврската за носење маски во возовите на долги релации. „На овој начин избегнуваме ситуација со различни правила во Германија и помеѓу различните компании за транспорт“, напиша шефот на одделот за транспорт на долги релации, Михаел Петерсон во средината на јануари.

Маски да се носат доброволно, советува министерот за здравство Карл Лаутербах
Маски да се носат доброволно, советува министерот за здравство Карл ЛаутербахФотографија: Sven Hoppe/dpa/picture alliance

На крајот, сојузната влада одлучи обврската за носење за маска во сообраќајот на долги релации за престане да важи на 2 февруари. Првично, обврската за маски во возовите и автобусите на долги релации требаше да остане на сила до почетокот на април. Сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах (СПД) советува да се продолжи доброволно да се носат маски.

- повеќе: Вакцини против Ковид: Скапи и во преголеми количини

Што се однесува до регионалниот сообраќај, тој е во надлежност на покраините. Од денеска престанува обврската за носење маски и во последните покраини каде што досега важеше тоа правило. Маски ќе мора и натаму да се носат во здравствените установи и установите за нега.