1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто земјоделците го парализираат сообраќајот во Германија

Штефани Хепнер
9 јануари 2024

Колони трактори на улиците и блокирани пристапи до автопатите: Протестите на германските земјоделци првенствено се насочени против планираните кратења на даночните олеснувања за дизелот.

https://p.dw.com/p/4b0YW
Прошетка по автопат: Земјоделците во понеделник, 8 јануари, 2023 година, го блокираа пристапот до германскиот автопат А8
Прошетка по автопат: Земјоделците во понеделник, 8 јануари, 2023 година, го блокираа пристапот до германскиот автопат А8Фотографија: Bernd Weißbrod/dpa/picture alliance

Во понеделник (8 јануари, 2024) започна протестната недела на германските земјоделци - со сериозни последици во сообраќајот. Во наредните денови, земјоделците ширум земјата планираат да ги блокираат пристапите до автопатите и да ги парализираат центрите на градовите со бавни тракторски колони.

На многу места блокадата почна рано наутро во понеделникот. Во главниот град Берлин, стотици фармери се собраа со своите трактори на централнииот протест кај Бранденбуршката порта. Според полицијата, во други сојузни покраини како Баварија, Бранденбург и Северна Рајна-Вестфалија, на некои места дојде до „масовни прекини во сообраќајот“. Пирстапите до автопатите беа блокирани, а улиците можеа да се користат само во една лента. Се очекува протестите да кулминираат со голем собир во Берлин на 15 јануари.

Кои се причините за протестите?

Фармерите протестираат против политиката на штедење на германската сојузна влада. Тие станаа неопходни по пресудата на Сојузниот уставен суд за државниот буџет. Првобитно планот предвидуваше, со еден удар да се укинат постоечките даночни поволности за дизелот и ослободувањето од данокот земјоделските и шумарските возила. Ова ќе и овозможеше на сојузната влада да оствари забележи една милијарда евра дополнителни приходи. 

Трактори на улица во германската сојузна покраина Тирингија
Трактори на улица во германската сојузна покраина ТирингијаФотографија: Bodo Schackow/dpa/picture alliance

Земјоделците протестираа против ова уште во декември и владата делумно ги укина кратењата на субвенциите. Сегашните планови предвидуваат се даночниите олеснувања за дизелот постепено да се укинат во рок од три години. Од 2027 година веќе не би требало да има субвенции за дизелот. Според германското Министерство за земјоделство, едно просечно големо земјоделско претпријатие би требало да смета со околу 1.000 евра дополнителни трошоци за дизел во 2024 година. Ослободувањето од данокот за земјоделски моторни возила треба да продолжи да важи долгорочно.

Претседателот на здружението на германските земјоделци, Јоахим Руквид, вели дека ваквите отстапки сè уште не одат доволно далеку. „Тоа конечно значи умирање на рати. Тоа е неприфатливо и мора да се промени.", изјави Руквид.

Како навистина им оди на земјоделците?

Краткиот одговор: во суштина добро. Струковото списание „Аграрот денес“ („agrarheute“) дури зборува за „рекорден профит" во стопанската 2022/23 година. Германското здружение на земјоделци, исто така, соопшти дека резултатите од работењето се на највисоко ниво: „По многу слаби години, економската состојба на фармерите значително се подобри во последните две години“, се вели во годишниот извештај на ова лоби здружението. Земјоделските претпријатија кои се најважен извор на приход за сопствениците постигнале деловен резултат од 115.400 евра по претпријатие. Ова е зголемување од 45 проценти во однос на претходната година. Земјоделците имаа корист пред се од високиот раст на цените за прехранбените производи.

Претседателот на Здружението на земјоделци Рукивид  и покрај тоа скептично гледа кон иднината - и предвидува опаѓачки приходи приходи во иднина. На пример, цената на млекото падна од високата цена од 60 центи на 40 центи за литар. Од друга страна, трошоците за плати ќе продолжат да растат. И долгорочното набљудување на ситуацијата во секторот, исто така, не сугерира дека земјоделството е особено атрактивен бизнис во Германија: бројот на земјоделски претпријатија  во Германија се намалува со децении.

Остри пораки против кратењата на субвенциите за земјоделците
Остри пораки против кратењата на субвенциите за земјоделцитеФотографија: Stefan Puchner/dpa/picture alliance

Опасност од злоупотреба на протестите?

Многумина во Германија скептично гледаат кон претстојнава неделала, и тоа не само поради парализираниот сообраќај. Политичарите и Сојузната служна за борба против криминалот се загрижени дека и екстремистите би можеле да се вмешаат во протестите на земјоделците. Десничарските партии и групациите подложни на теорри на заговори веќе повикаа на учество во протестите. Десничарско-популистичката и делумно екстремно-десничарска  партија Алтернатива за Германија (АфД) во покраината Тирингија повика на „генерален штрајк“. против „уништувачите на благосостојбата" во сојузната германска влада. Малата екстремно десничарска партија „Третиот пат" и десничарската иницијатива „Еден процент“ треба да бидат вклучени во повиците.

Гневна толпа минатата недела го спречи германскиот министер за економија Роберт Хабек и другите патници да го напуштат траектот во Северното Море. Десничарските екстремии претходно го го подгреваа расположението против политичарот од редовите на партијата на Зелените.

Здружението на земјоделците експресно се огради од ова: „Десничарските екстремистички групи, теоретичарите на заговор и другите радикали немаат место овде“, се вели во соопштението на здружението. Во интервју за весникот „Билд ам Зонтаг“, претседателот Руквид, меѓу другото, изјави: „Ние сме демократи и ако се случува политичка промена - тогаш  таа треба да се скулучи преку гласање на избирачкото место“.

Во интервју за радиото Дојчландфунк, истражувачот на екстремизмот од Магдебург, Матијас Квент, повика на уште поголемо дистанцирање со оглед на оваа опасност. Според него, земјоделците не треба само вербално да се дистанцираат, туку и да испратат сигнал за време на демонстрациите со плакати или симболи на виножитото.