1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГрција

Грција ги отфрла турските обвинувања за смртта на мигрантите

ЕМФ / дв
14 септември 2022

Грчката крајбрежна стража ги отфрли обвинувањата од Турција дека оставила мигранти во Средоземното Море и дека поради тоа е виновна за смртта на повеќе деца.

https://p.dw.com/p/4Gocq
Брод на грчката крајбрежна стража (архивска фотографија)
Брод на грчката крајбрежна стража (архивска фотографија)Фотографија: Eurokinissi/ANE/picture alliance

Централата на грчката крајбрежна стража соопшти дека инцидентот со мигрантите се случил во турски територијални води и дека нејзините службеници со тоа немаат ништо. Претходно, турската крајбрежна стража соопшти дека од морето спасила 73 мигранти кои биле илегално вратениод страна на грчките власти.

Шест лица, меѓу кои и две бебиња и три постари деца, се извадени од морето починати, јави турската телевизија ТРТ повикувајќи се на информации од националната крајбрежна стража. Уште пет лица се водат како исчезнати.

Според турски тврдења, мигрантите биле на пат од Либан кон Италија со дрвен чамец долг 15 метри. Кога бензинот се потрошил, тие побарале помош од грчката крајбрежна стража пред островот Родос. Таа, меѓутоа, ги ставила мигрантите во четири таканаречени „спасувачки острови“ и ги оставила во близина на турските територијални води.

Грција е постојано соочена со обвинувања за т.н. пушбекови, односно илегално враќање на мигранти во Турција. Атина секогаш ги демантира ваквите обвинувања и тврди дека Турција се занимава со т.н. пушфорвард, односно притискање на мигрантите од страна на турските безбедносни сили да одат во насока на Грција по море и копно за на тој начин да стигнат во ЕУ.