1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиУкраина

Украина: Загина министерот за внатрешни работи

СН/агенции
18 јануари 2023

Во хеликоптерска несреќа во близина на главниот град Киев, според полицијата загинале 18 лица загинале. Меѓу нив се и украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски, неговиот заменик и еден државен секретар.

https://p.dw.com/p/4MM1l
Украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирскиј загина во хеликоптерската несреќа (архивска фотографија од јуни 2022 година)
Украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски загина во хеликоптерската несреќа (архивска фотографија од јуни 2022 година)Фотографија: Sergei Supinsky/AFP/Getty Images

Во близина на градинка во местото Бровари, во близина на Киев, денеска се урна хеликоптер. Тоа го потврди Олексеј Кулеб, шеф на киевската регионална воено-цивилна админстрација. Според неговите зборови, во градинката кога  имало деца паднало леталото.

„Киевската област. Во градот Бровари падна хеликоптер во близина на градинка и стамбена зграда. Во моментот на трагедијата во градинката имаше деца и вработени во установата. Во моментов сите се евакуирани.  Итната помош, полицијата и пожарникарите се наоѓаат на местото на несреќата“, рече тој. 

Видео снимките кои се споделуваат на социјалните мрежи ја прикажуваат зградата во пламен и ви широко распростанет пожар. 

Бројот на жртви во меѓувреме се искачи на 18.  Меѓу нив има три деца, како и украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастриски, неговиот заменик Јевген Јених и државниот секретар Јуриј Лубкович, наведе Игор Клименко, шеф на полицијата во Киевската област.

Во моментов во болница се наоѓаат неколку луѓе кои се повредени во падот на хеликоптерот. Според наводите на Клименко, сите итни служби се на лице место и во тек е истрага за несреќата.

22 лица во болниците

Според официјалните информации, во блиските болници се пренесени и 22 лица, меѓу кои десет деца. Засега нема информации зошто раководството на Министерството за внатрешни работи патувало со хеликоптер. Во текот на војната во Украина, хеликоптери меѓу другото, се користат за префрлување на ранетите до главниот град Киев. Украина речиси единаесет месеци е жртва на руската агресивна војна. Во земјата постојани предупредувања од руски ракетни и напади со беспилотни летала. Главниот град Киев, како и другите делови на земјата, постојано е цел на напади.