1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Херцеговските спајдермени

Азем Куртиќ
18 август 2023

Надминувајќи ги сопствените стравови, млади луѓе од Благај, кај Мостар, не ни претпоставуваa дека благодарение на својот ентузијазам ќе направат незаобиколива постојка за илјадници искачувачи по карпи. #dw_BalkanBooster

https://p.dw.com/p/4VGLa

Благај, недалеку од Мостар, во Босна и Херцеговина, стана незаобиколна станица за светските љубители на карпи. За осум години од основањето на здружението „Благај клајмбинг“, илјадници планинари го посетија регионот, многумина во склоп на фестивалот за качување што се одржува секој септември.

„Приказната низ годините ја развиваме во соработка со локалната заедница и тим од млади луѓе', вели Ајдин Ашкраба од здружението „Благај клајмбинг“ и додава:

„Локалната заедница веќе разговара за искачувањето, веќе се запознаени со тоа. Полека се шири веста кога ќе дојде некое големо светско име во Благај, дури и излегуваат во нашиот сектор 'Ребро', мештани кои не се искачуваат, пензионерите се шетаат во природа и гледаат како тоа го прават алпинистите, фасцинирани од нивните походи.“

Најважното нешто во целата приказна е пријателството кое се раѓа на местата за искачување:
 
„Во качувањето се создава нераскинлива врска помеѓу вас и вашиот партнер кој се искачува. Вие, што го обезбедувате, практично го држите неговиот живот во ваши раце, а тој вашиот“.