1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Таравари со понуда до ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

ДТЗ
10 август 2023

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, вели дека партијата е подготвена да ја напушти Владата, доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени.

https://p.dw.com/p/4V09i
Арбен Таравари
И Таравари подготвен да се повлече од Владата за да поминат уставните измениФотографија: DW/P. Stojanovski

По условените оставки на министрите на ДУИ, и претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари најавува сличен чекор во пресрет на седницата за уставни измени. Тој вели дека партијата е подготвена да ја напушти Владата, доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени.

„Во овој важен период за државата, ако ВМРО-ДПМНЕ кажат дека Алијанса за Албанците треба да излезе од Владата и гласаат за уставни измени, Алијанса не утре, туку денеска целосно ќе ја напушти Владата. Нека кажат, нека направат проширена Влада, нека се изгласаат уставните амандмани, и веднаш одиме на избори“, рече Таравари, во гостувањето на „Клик Плус“ на ТВ21. 

Купување време 

Изјавата доаѓа во пресрет на собраниската седница за потребата за уставни измени која што е закажана на 18 август и ќе трае најмногу 10 работи дена. Власта преку манифест најави дека ќе се обиде да ги обедини партиите околу уставните измени коишто ќе го отворат патот кон ЕУ. 

Но, од ВМРО-ДПМНЕ денеска (10.08) повторно порачаа дека уставни измени под вакви околности нема да прифати, и тоа им е јасно на ДУИ и Ковачевски. Единствен консензус кој може да биде прифатлив за нив е за предвремени парламентарни избори.

„Знаејќи дека немаат двотретинско мнозинство за уставни измени, Ахмети и Ковачевски купуваат време со таканаречен манифест, документ кој е напишан во штабот на ДУИ без никаква консултација на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Единствен консензус за доброто на граѓаните и државата се избори. Избори веднаш за излез од оваа агонија и бездна во која ја втурнаа државата“, велат од опозицијата.  

ДУИ
Оставките на министрите и функционерите на ДУИ, за Таравари се „детска игра“Фотографија: DW/P. Stojanovski

Детска игра 

Во меѓувреме министрите на ДУИ потпишаа оставки и ги доставија до премиерот Димитар Ковачевски. Станува збор за условени оставки кои ќе стапат на сила по изгласувањето на уставните измени, за што се очекува да се добие поддршка од опозицијата.

Но, оставките на министрите и функционерите на ДУИ, за Таравари се „детска игра“.

„Всушност, овие постапки на ДУИ ми изгледаат многу несериозни, со оглед на сериозното време низ кое минува Република Северна Македонија, во еден многу, многу важен период. Овие игри во најмала рака ми изгледаат многу детски. Алијанса за Албанците носи свои одлуки во партиските органи, земајќи ги предвид сите околности, волјата на членството, но и на албанските граѓани во Република Северна Македонија“, рече Таравари. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема