1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израел ги извести ОН за прекин на соработката со УНРВА

ЕМФ | агенции
4 ноември 2024

Израел официјално ги извести ОН дека ја прекинува соработката со Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА).

https://p.dw.com/p/4mYin
Блиски Исток УНРВА
Фотографија: Gehad Hamdy/picture alliance/dpa

Министерството за надворешни работи на Израел денеска (4.11) соопшти дека „по инструкции на министерот за надворешни работи Израел Кац“ ги известило Обединетите нации „за анулирање на договорот меѓу Државата Израел и УНРВА“.

Пред една недела, израелскиот парламент гласаше за забрана на активностите на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) на израелска територија, вклучувајќи го и Источен Ерусалим. Одлуката беше образложена со обвинувањето дека соработници на УНРВА учествувале во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

Израелскиот амбасадор во ОН, Дени Данон, соопшти дека Израел и натаму ќе соработува соо хуманитарни организации, „но не и со организации кои го поттикнуваат тероризмот насочен против нас“.

Претходно, Советот за безбедност на ОН соопшти дека секаков прекин на работата на УНРВА би имал тешки последици за милиони палестински бегалци. Британската амбасадорка во ОН, Барбара Вудворд изјави: „Обвинувањата против персоналот на УНРВА претходно оваа година беа целосно истражени. Нема оправдување за прекин на односите со УНРВА“.