1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израелец планирал атентат врз Нетанјаху со помош на Иран?

СН/агенции
19 септември 2024

Израелската полиција уапси 73-годишен Израелец под сомнение дека планирал напади врз неколку членови на владата, меѓу нив и премиерот Бенјамин Нетнјаху. Се вели дека тој бил регрутиран од страна на Иран.

https://p.dw.com/p/4kpfQ
Цел на планиран атентат? Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Цел на планиран атентат? Израелскиот премиер Бенјамин НетанјахуФотографија: Ohad Zwigenberg/AP/picture alliance

Израелски државјанин е уапсен под сомнение дека бил регрутиран од Иран да подготвува атентати на израелски официјални лица, меѓу кои и на премиерот Бенјамин Нетанјаху, соопштија денеска полицијата и службата за внатрешна безбедност Шин Бет.

„Ирански граѓанин е регрутиран од иранската разузнавачка служба да подготвува атентати на израелски личности. Тој двапати бил тајно во Иран и е платен за извршување на тие мисии“, се вели во заедничкото соопштение на полицијата и Шин Бет.

Според нив, мети на атентатот биле Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галан и други високи функционери.

Тој израелски државјанин, „бизнисмен кој долго време живеел во Турција“, според соопштението, одржувал врски со Турците и со Иранците кои телефонски го поврзувале со „богат бизнисмен во Иран наречен Еди“.

Евреинот, по потекло од јужниот град Ашкелон, според израелските медиуми, тајно влегол во Иран во мај 2024 година за да се сретне со „Еди“, кому, како што е соопштено, му „е тешко“ да го напушти Иран.

За време на тој разговор, Израелецот се сретнал со извесен „Хада“ кој бил претставен како агент на иранската безбедносна служба.

Тогаш на Израелецот му било предложено да изврши акции во корист на Иран во Израел, односно да „префрли пари или оружје“, да фотографира различни места со многу луѓе и да соработува со израелски граѓани со кои Иран веќе има договори да се придржуваат до упатствата, се вели во соопштението.

За време на неговата втора посета на Иран, во август, му било предложено да изврши атентат врз официјални лица во Израел за да се одмазди за атентатот во Техеран на поранешниот шеф на исламистичкото движење Хамас, Исмаил Ханија, на 31 јули.