Израелска невладина организација го тужи Црвениот крст
22 декември 2023Израелска невладина организација соопшти дека го тужела Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) затоа што не им пружил помош на израелските заложници во Појасот Газа. Организацијата „Шурат ХаДин“ поднесла тужба до судот во Ерусалим во име на семејствата на 24 од 250-те лица киднапирани од страна на радикално исламистичката организација Хамас. Невладината организација, која вели дека се залага за интересите на Израел на правно ниво, го обвинува МКЦК за неисполнување на својот мандат и „морална должност“ и дека не ги посетува заложниците, не им обезбедува медицинска нега и не се бори за нивно ослободување.
Барањето за предавање лекови очигледно е одбиено
Еден од заложниците застапувани од „Шурат ХаДин" е Раз Бен Ами, која беше киднапирана од терористите на Хамас заедно со нејзиниот сопруг Охад од Кибуц Беери во Појасот Газа на 7-ми октомври. Додека Раз беше ослободен по речиси два месеци заробеништво, Охад се уште е во рацете на Хамас. Како што пренесува израелскиот сајт ynet, Раз боледува од хронична болест и е зависна од лековите. Додека била држена како заложник, нејзиното семејство контактирало со МКЦК барајќи од нив да и` помогнат на 57-годишната жена да добие лекови. Според извештајот, барањето било одбиено. Претставник на МКЦК, исто така, наводно испратил е-пошта до семејството во кое им посакува „успех во обновувањето на контактите со членовите на нивното семејство“. Не можеме да го прифатиме ова непочитување и непочитување на човечкиот живот само затоа што заложниците се Евреи“, објасни шефот на „Шурат ХаДин", Низана Даршан -Лајтнер. Таа го обвини МКЦК дека е „пристрасен“ и „рамнодушен кон израелските животи“.
Црвениот крст е „длабоко повреден и фрустриран"
На прашање на новинската агенција АФП, Меѓународниот комитет на Црвениот крст одговорил дека континуирано повикува на ослободување на киднапираните луѓе од нападот на радикалниот исламски Хамас врз Израел на 7-ми октомври. „Длабоко сме повредени и фрустрирани кога немаме пристап до луѓе на кои им е потребна нашата помош“, изјавил портпаролот. Тој исто така нагласил дека неговата организација се сретнала со Хамас „на сите нивоа“ и дека презела хуманитарни дипломатски напори за да добие пристап до заложниците. Според израелската влада, во Појасот Газа се` уште има 129 заложници кои ги држи Хамас.