1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаЈужна Кореја

Јужна Кореја: Опозицијата бара импичмент на претседателот

Тагесшау | дпа | ЕМФ
4 декември 2024

Јужнокорејскиот претседател Јун воведе воена состојба во земјата поради блокада на буџетот, која траеше неколку часа - сѐ додека парламентот не гласаше против тоа. Опозицијата сега поднесе барање за импичмент на Јун.

https://p.dw.com/p/4niT0
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол прогласи воена состојба
Парламентот едногласно се изјасни за укинување на воената состојбаФотографија: Kim Hong-Ji/REUTERS

По обидот на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол да воведе воена состојба во Јужна Кореја, во земјата владее голем гнев. Опозициската Демократска партија (ДП) зборува за јасно кршење на Уставот и поднесе барање за постапка за импичмент. За тоа би требало се гласа во наредните три дена, велат пратениците од опозициските партии.

Претходно, барања за оставка на претседателот дојдоа од синдикатите. Корејскиот сојуз на синдикати објави дека илјадници нејзини членови ќе штрајкуваат додека Јун не поднесе оставка. Самиот Јун, кој вчера изненадувачки воведе воена состојба, а потоа, по отпорот во парламентот, ја укина за само неколку часа, сѐ уште не ги коментирал овие барања.

Колективна понуда за оставка од сопствени советници

Јун најверојатно ја загуби поддршката и од своите редови. Високи по функција советници на претседателот и секретари понудија колективна оставка, соопшти Конзервативната партија. Претходно, претседателот на неговата партија ППП, Хан Донг Хун, ја опиша воената состојба како „погрешна“, известуваат локалните медиуми.

Јун прогласи воена состојба во телевизиски говор. Во него тој ја обвини опозицијата дека сочувствува со Северна Кореја и ја парализира владата преку субверзивни активности. Прогласената вонредна состојба има за цел „да ги елиминира просевернокорејските сили и да го заштити уставниот поредок на слободата“, рече Јун. Тој го повика населението да му верува и да прифати „некои непријатности“.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол прогласи воена состојба, која траеше само неколку часаФотографија: South Korea Presidential Office/AP/dpa/picture alliance

Војниците се обидоа да го блокираат пристапот до парламентот

Набргу по телевизиското обраќање, стотици демонстранти се собраа пред парламентот, веејќи транспаренти и барајќи импичмент на Јун. Некои од нив се степаа со безбедносните сили, но нема информации за повредени или голема материјална штета. На телевизиските снимки може да се види како војниците се борат да влезат во зградата на парламентот. Вработените се обиделе да ги спречат, употребувајќи притоа и противпожарни апарати

Јужна Кореја Демонстранти во судир со војници
Демонстранти во судир со војници пред зградата на парламентот во СеулФотографија: JUNG YEON-JE/AFP/Getty Images

Парламентот едногласно гласаше против воената состојба

Само неколку часа по најавата на Јун, парламентот едногласно се изјасни за укинување на воената состојба. На гласањето беа присутни 190 пратеници. Уставот на Јужна Кореја предвидува дека воената состојба се укинува доколку тоа го побара мнозинството од 300-члениот парламент. Претседателот на Националното собрание Ву Вон Шик изјави дека воената состојба не важи и дека пратениците ќе ја штитат демократијата заедно со народот. Соочен со противењето од парламентот, претседателот Јун изјави дека војската ќе се повлече. Набргу потоа, и кабинетот се согласи да ја укине воената состојба.

Јужна Кореја демонстранти
Демонстранти во Сеул држат плакати на кои пишува „Протерување на Јун Сук Јеол“Фотографија: Ahn Young-joon/AP/dpa/picture alliance

Повеќекратни порази во парламентот

Откако ја презеде функцијата во 2022 година, Јун, чиј рејтинг паѓа со месеци, се мачеше да ја истурка својата агенда против опозицијата, која го контролира парламентот. Партијата ППП на Јун има несогласувања со ДП околи законот за буџет за следната година. Минатата недела, одговорната парламентарна комисија одобри само значително „истенчена“ верзија на предлог-буџетот.