Да го посетиш Нови Пазар, а да не ги пробаш пазарските мантии е исто како да не си бил таму. Еден мал локал во срцето на градот го привлекува вниманието на сите со посебниот вкус на мантиите. Сопственикот на „Сѐ под сач“, Јасмин Дервишнуровиќ, е прогласен за „крал на мантиите“ на Балканот.
https://p.dw.com/p/4f78q
Реклама
Автентичниот рецепт за мантии (вид пита со месо), зачуван со децении, го направи Јасмин Дервишнуровиќ од Нови Пазар „крал“ на мантиите на Балканот. Тој вели дека тајната не е само во состојките.