1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоТурција

Ќе ги убива ли Турција кучињата скитници?

Петер Копен
30 јули 2024

Турција има над 4 милиони кучиња-скитници. Честопати тие се опасност за луѓето, но и за сообраќајот. Владата планира да го намали нивниот број со нов закон. Активистите и ветеринарите се бунтуваат против предлогот.

https://p.dw.com/p/4icgc

Уличните кучиња во Турција се соочуваат со истребување. Владата планира постепено да ги сместува во прифатилишта постојните 4 милиони скитници и да ги убие оние кои нема да бидат 
посвоени во рок од еден месец. 
Активистите протестираат против ваквото решение. Без нивната поддршка, многу кучиња-скитници не би преживеале. Тие ги хранат и ги негуваат кучињата. 
„Ние живееме со животните во овој град многу долго време“, вели активистот Ахмет Чанер Алтај.   

Седат Чагирган е дел од граѓанската иницијатива која го поддржува планираниот закон. 

„Кучињата напаѓаат деца додека одат на училиште. Има безброј смртни случаи од сообраќајни несреќи предизвикани од овие животни.“   

Ветеринарите гледаат многу пречки во владиниот план. 
„Најпрво, нема доволно прифатилишта за животните, ниту доволно ветеринари за овој план. Исто така не би можела да замислам мои колеги да учествуваат во убивањето“, вели ветеринарката Унзиле Челеби. 

Додека трае дебатата, кучињата ќе продолжат да скитаат по улиците во Турција.