1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Блискиот Исток: Луфтханза ги укина летовите за Иран

СН/агенции
11 април 2024

Поради ситуацијата на Блискиот Исток, и растечките тензии меѓу Иран и Израел, германската авиокомпанија Луфтханза ги прекина летовите кон иранската престолнина Техеран.

https://p.dw.com/p/4ee1M
Луфтханза ги откажа летовите до и од Техеран до крајот на денешниот ден, 11 април 2024
Луфтханза ги откажа летовите до и од Техеран до крајот на денешниот ден, 11 април 2024Фотографија: Frank Hoermann/SVEN SIMON/picture alliance

Германската авиокомпанија Луфтханза објави дека најверојатно до крајот на денешниот ден ги прекина летовите до и од главниот град на Иран, Техеран, „поради актуелната ситуација на Блискиот Исток“. „Постојано ја следиме ситуацијата на Блискиот Исток и сме во близок контакт со властите. Безбедноста на нашите гости и на членовите на екипажот е главен приоритет на Луфтханза“, соопшти Луфтханза во средата вечер.

Во меѓувреме, иранската новинска агенција Мехр накратко предизвика тензии кога објави извештај на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер, во која се наведува дека целиот воздушен простор над Техеран е затворен поради воени вежби. Агенцијата потоа го отстрани соопштението и негираше дека објавила таква порака.

Тензии меѓу Иран и Израел

Земјите од регионот и САД се во состојба на готовност и се подготвуваат за можен напад од страна на Иран како одмазда за воздушниот напад на 1 април врз иранската амбасада во, Дамаск Сирија, за кој постои сомневање дека го извршиле израелски воени авиони.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, го обвини Израел за воздушниот напад и рече дека „мора да биде казнет и така ќе биде“.

Во меѓувреме, израелскиот министер за надворешни работи Израел, Кац, рече дека Израел ќе одговори доколку Иран го нападне Израел од негова почва.