Мадуро против Маск: Социјалната мрежа Х блокирана 10 дена
9 август 2024Венецуелскиот претседател Николас Мадуро рече дека потпишал декрет за блокирање на пристапот до онлајн платформата Х во земјата во траење од 10 дена.
Мадуро често го критикуваше сопственикот на социјалната мрежа X, Илон Маск, по претседателските избори во Венецуела и го обвини Маск дека ја користи платформата за промовирање омраза по претседателските избори во Венецуела.
„Илон Маск е сопственик на Х и ги прекрши сите правила на таа социјална мрежа“, рече Мадуро.
Според Мадуро, платформата X ја користат неговите противници за да се создаде „политички неред“. Претходно неделава, Мадуро побара од своите поддржувачи да ја напуштат апликацијата за размена на пораки Вотсап.
Претходно на платформата Х, Маск го обвини Мадуро дека е „диктатор“ и наведе дека за време на гласањето се случила „голема изборна измама“.
Државната изборна комисија соопшти дека Мадуро добил трет мандат на изборите, додека опозицијата тврди дека победил нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес Урутиа.
Изборната комисија сѐ уште не ги објави резултатите од гласањето од поединечни избирачки места. По изборите, низ Венецуела избувнаа протести, главно промовирани на социјалните мрежи.