1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГлобално

Марк Руте и официјално е нов генерален секретар на НАТО

ЖА
26 јуни 2024

НАТО официјално го назначи холандскиот премиер во заминување Марк Руте за свој иден генерален секретар.

https://p.dw.com/p/4hX7w
Марк Руте
Холандскиот премиер во заминување Марк Руте е нов генерален секретар на НАТО Фотографија: Omar Havana/AP/dpa

57-годишниот Руте ќе го наследи Норвежанецот Јенс Столтенберг на 1 октомври, објави Алијансата во средата по состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел. Столтенберг по десет години се повлекува од функцијата генерален секретар на НАТО.

На онлајн сервисот X,  Столтенберг напиша  дека тој го дава НАТО во добри раце, за Руте смета дека е „вистински трансатлантичар, силен лидер и медијатор за постигнување консензус“. Претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, на X објави дека тесно ќе соработува со Руте „за дополнително зајакнување на партнерството ЕУ-НАТО“. Минатата недела  романскиот претседател Клаус Јоханис му го расчисти патот  за Руте да стигне на чело на НАТО со повлекувањето на неговата противкандидатура. Холанѓанецот ја презема функцијата во тешка фаза од руската агресорска војна против Украина. НАТО се подготвува и за можен реизбор на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и послаба  улога на САД во трансатлантскиот сојуз.