1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Студентите им покажаа 'жолти картони' на политичарите

ДТЗ
17 ноември 2022

„Ајде да го замениме нашиот бајат леб со вашите топли оброци. Престанете да кратите од нас кога едвај врзуваме крај со крај“, порачаа студентите на маршот во Скопје. Отпорот ќе трае до исполнување на нивните барања

https://p.dw.com/p/4JeQA
протест студенти Скопје
Студентите им покажаа 'жолти картони' на политичарите Фотографија: Petr Stojanovski/DW

„Без образование нема држава“ - порачаа студентите кои обединети вечерва излегоа на марш во Скопје барајќи подобри услови во студентските домови и подобар животен стандард. Студентскиот отпор тие го изразија на Меѓународниот ден на студентите, кога колоната од пред Владата со транспаренти и извици на незадоволство се упати кон Министерството за образование, каде партиите не можат да се усогласат околу законските решенија за студентскиот оброк. 

„Целта на овој студентски марш е студентите да ги искажат своите барања и ставови јасно и гласно пред институциите. Ваквата пракса и овој студентски марш би сакале да биде иницијална точка која ќе премине во традиција што ќе се применува во наредните години и генерации по нас“, изјави пред почетокот на маршот, Славчо Темелковски, претседател на УСС при УКИМ.

Студентите им покажаа 'жолти картони' на политичарите и порачаа дека ова е последно предупредување до пратениците, пред кои се наоѓа предлог-законот за субвенциониран студентски оброк.

протести студенти Скопје
„Ајде да се менуваме“ - им порачаа студентите на надлежните институции и повикаа на едноминутен молк за „смртта на студентскиот стандард“. Фотографија: Petr Stojanovski/DW

 

Едноминутен молк за 'смртта' на студентскиот стандард 

Универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“ бараат подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на Законот за студентски оброк, изедначување на стипендиите, дигитализација и подигнување на квалитетот на образование.

„Ајде да се менуваме“ - им порачаа студентите на надлежните институции и повикаа на едноминутен молк за „смртта на студентскиот стандард“. Тие повторија дека не отстапуваат од барањето за зголемување на износот на студентскиот оброк од 120 на 160 денари дневно. Порачаа дека се грижат за сегашноста и иднината на студентите, дека се подготвени да се борат за студентските права, покажувајќи сплотеност и единственост во нивните барања, за разлика од политичарите кои се разединети.

„Не' за профитирање на грбот на студентите, ајде да го замениме нашиот бајат леб со вашите топли оброци. Престанете да не понижувате. Не смее да се крати од студентите кои едвај врзуваат крај со крај“ - порачаа учесниците на маршот, кои најавија дека ќе продолжат со отпорот се додека не се исполнат нивните барања. 

Тие ги повикаа пратениците независно од која политичка партија се да го подобрат студентскиот стандард,  „Доста е од тоа 30 години политичките елити да мислат само на себе и да се хранат со октоподи, бифтеци и слично, а да нема пари за македонскиот студент. Не смее да си дозволиме да штедиме на младите луѓе“, децидни се студентите. 

протести студенти Скопје
Тие ги повикаа пратениците независно од која политичка партија се да го подобрат студентскиот стандард,Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Студентите обединети - партиите разединети 

Додека студентите се обединија во барањата за подобар животен стандард, партиите се разединети во однос на законските решенија за студентскиот оброк. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе два амандмани на предлог закон за субвенциониран студентски оброк, предложен од страна на владејачкото мнозинство.

Првиот амандман е за зголемување на средствата за студентски оброк од 120 денари, како што предлага мнозинството, на 160 денари, додека пак вториот е за продолжување на рокот до крајот на учебната година, наместо до март 2023 година, како што предлага мнозинството. Вчера (16.11) на собраниска седница беше одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, во кој главните барања сега се амандмани на законот во процедура. Претходно пак под притисок на јавноста беше повлечен првичниот предлог закон од владејачкото мнозинство со кој на голем број студенти ќе им беше укинат целосно студентскиот оброк. 

Студентски маки со прескапи станови