1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

МКС: Барања за апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

ЖА
20 мај 2024

Нападот врз Израел и војната во Појасот Газа: Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд гледа доволно докази дека израелскиот политичар и лидерот на Хамас се одговорни за злосторства против човештвото.

https://p.dw.com/p/4g4dO
Меѓународен кривичен суд во Ден Хаг
Меѓународен кривичен суд во Ден Хаг, ХоландијаФотографија: Remko de Waal/ANP/picture alliance

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) поднесе барање за издавање  налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху  и лидерот на  терористичката организација Хамас во Појасот Газа,  Јахја ал Синвар, соопшти судот во понеделникот во Хаг.

Главниот обвинител Карим Кан ги гони злосторствата за време на војната во Појасот Газа. Според соопштението на МКС, Кан планира дополнителни налози за апсење против израелскиот министер за одбрана Јоав Галант и  заменикот на Синвар, Мохамед Деиф,  како и против шефот на Хамас за надворешни работи Исмаил Ханија. Обвинителот ги обвинува лидерите на Хамас дека се одговорни меѓу другото, за „истребување“ како и убиство, земање заложници, силување и тортура како злосторство против човештвото.

На  израелскиот премиер Нетанјаху  и министерот за одбрана Галант им се става на товар меѓу другото, користење на  изгладување на цивили  како метод на војување и  самоволни убиства и насочени напади на цивили.

Дали бараните меѓународни потерници ќе бидат издадени, ќе одлучат судиите на МКС.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелскиот министер за одбрана Јоав Галант
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелскиот министер за одбрана Јоав Галант Фотографија: picture alliance/dpa/GPO

Израелската влада неодамна изрази загриженост за можно кривично гонење на израелски претставници. Нетанјаху на платформата X напиша дека Израел под негово водство „никогаш нема да прифати обид на Кривичниот суд да го ​​поткопа легитимното право на Израел на самоодбрана". Нетанјаху предупреди од „опасен преседан“, со кој се „загрозуваат војниците и претставниците на сите демократии кои се борат против бруталниот тероризам и безмилосни агресии“.

Лидерот на терористичката организација Хамас во Појасот Газа, Јахја ал Синвар
Лидерот на терористичката организација Хамас во Појасот Газа, Јахја ал СинварФотографија: Mohammed Salem/REUTERS

Судот фактички нема можности за реализирање на издадени налози за апсење, но сепак на тој начин силно се ограничува слободата на движење на бараните лица. Зашто, налог за апсење ги обврзува државите кои се потписнички на Меѓународниот кривичен суд, да ги уапсат лицата по кои е издадена потерница и да му ги предадат на Судот ако се нашле на нивна територија.

При нападот на Хамас на израелската погранична област на 7 октомври беа убиени околу 1200 луѓе и земени како заложници повеќе од 250 лица кои беа одвлечкани во Појасот Газа. Нападите за реакција имаа воена офанзива на Израел во Појасот Газа, во која според наводите на Министерството за здравство, контролирано од Хамас,  досега загинале повеќе од 35 400 луѓе.