Мицкоски му честиташе победа на Трамп
6 ноември 2024Македонскиот премиер Христијан Мицкоски во свое лично име и во име на македонските граѓани упати честитики до Доналд Трамп.
„Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата. Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи“, објави на својот Фејсбук-профил премиерот Мицкоски.
Тој напиша дека Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион. „Честитки и најдобри желби до претседателот Трамп и до целиот американски народ!“, стои во честитката до Трамп од премиерот Мицкоски.