1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Москва: Путин ќе учествува на виртуелната средба на Г20

ЕМФ / ртр
20 ноември 2023

Рускиот претседател Владимир Путин, по долго отсуство, неделава повторно ќе учествува на самитот на Групата 20.

https://p.dw.com/p/4ZAl8
Рускиот претседател Владимир Путин на тв-екрани во продавница во Москва
Рускиот претседател Владимир Путин на тв-екрани во продавница во Москва (архивска фотографија)Фотографија: Andrey Smirnov/AFP/Getty Images

На виртуелната средба на Групата 20 во среда (22.11) ќе учествува и рускиот претседател Владимир Путин. Според соопштението на руската влада, Путин ќе зборува за „многу нестабилната состојба во светот“. Руската телевизија информираше дека е ова првпат по „долго време“ на една средба заедно да учествуваат и Путин и западни државници.

По инвазијата на Украина, западните држави инсистираат на исклучување на Путин од меѓународни средби на врвот. Меѓународниот кривичен суд, освен тоа, издаде и налог за апсење на Путин поради сомневања за киднапирање деца од Украина.

Домаќинот на самитот на дваесетте најразвиени индустриски земји и држави во забрзан подем, кој треба да се одржи со физичко присуство наредната година, бразилскиот претседател Лула да Силва, не одговори директно на прашањето дали доколку рускиот претседател опатува во Бразил за средбата на Г20 ќе биде уапсен.На последната средба на Г20 Русија ја претставуваше министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.