Писателот Никола Ѓорѓевиќ претвори делови од своите песни и приказни во мотивациски налепници. Со помош на бројни пораки сака да им го разубави денот на своите сограѓани.
„Мојата главна задача, мојата мисија, е во текот на еден ден да насмеам еден човек или да му дадам до знаење дека не е сам во она низ што поминува. Тогаш мислам дека тој ден сум направил доволно“, вели Никола Ѓорѓевиќ.
Тој бара инспирација во Белград, каде што и пораснал, но налепниците може да се видат и во други градови во Србија:
„’Често Белград е сè што ми треба за да се чувствувам добро’ е една од првите налепници. Создадена е пред две години, кога Белград беше навистина нешто што ми требаше за често да се чувствувам добро“.
Цитатите на Никола станаа препознатливи меѓу луѓето кои сега самите ги лепат и ги подаруваат на други.
Повеќе во видеото!