1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалХрватска

Напад со нож во основно училиште во Загреб

ЕМФ | агенции
20 декември 2024

Во напад со нож во основно училиште во Загреб, ученик повредил еден наставник и повеќе ученици.

https://p.dw.com/p/4oPFY
Автомобил на хрватската полиција
Автомобил на хрватската полиција (симболична фотографија)Фотографија: DW/S. Bogdanić

Во основно училиште во Загреб, Хрватска, изутринава се случи напад со нож, кој, според полициски наводи, го извршил ученик. Притоа се повредени повеќе ученици и еден наставник.

Полицијата соопшти дека нападот се случил во 9:50 часот, во училиште во населбата Пречко. Таа го опишува напаѓачот како „млад човек“ кој, како што велат, е уапсен. Полицијата не ги потврди медиумските информации дека наводно еден ученик починал. Хрватските медиуми објавија снимки на кои се гледа како деца со трчање ја напуштаат училишната зграда.

„Ужасени сме“, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, додавајќи дека некои од повредените иченици се хоспитализирани.

Изјава даде и градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, кој пристигна на местото на трагедијата. „Потресени сме од овој страшен настан и изразуваме сочувство до сите жртви и нивните семејства. Станува збор за голема трагедија за градот Загреб и за цела Хрватска. (...) Во овој момент, полицијата ги утврдува сите околности, сторителот е уапсен. Градот ќе помогне во обезбедувањето психолошка помош на учениците, родителите и вработените во училиштето“, порача Томашевиќ.