Натамошни апсења во корупцискиот скандал во ЕП
11 февруари 2023Белгиското обвинителство го уапси Марк Тарабела, пратеник во Европскиот парламент, а додека пратеникот Андреа Коцолино е приведен во рамки на истрагата околу скандалот со корупција во оваа европска институција.
Извори од италијанската Демократска партија изјавија дека полицијата која делувала по налог на белгиското обвинителство го уапсила Коцолино во клиника во Неапол, каде бил на здравствени прегледи.
Белгиското обвинителство порано соопшти оти е приведен пратеник со иницијалите М.Т., а извор близок до истрагата за агенцијата Ројтерс соопшти дека станува збор за Марк Тарабела.
Пратениците во Европскиот парламент минатата недела им ги укинаа имунитетите на Козолино и на Тарабело.
Се вели дека двајцата осомничени европарламентарци биле потплатени од трети земји. И Тарабела и Косолино ги негираат обвинувањата.
Тарабела е осомничен дека добивал поволности од заливската држава Катар. Се вели дека Коцолино добивал услуги од заливската држава Катар, а исто така бил под влијание на Мароко. До јануари ја предводеше делегацијата на Европскиот парламент за односи со земјите од Магреб.
Ева Каили, поранешна грчка европратеничка и потпретседателка на Европскиот парламент, поранешниот италијански пратеник Пјер Антонио Панцери и уште два члена на Парламентот се наоѓаат во затвор во Белгија, каде се соочуваат со обвиненија за корупција и за перење пари во рамки на истрагата за наводните исплати од Катар и од Мароко.