Доделена Нобеловата награда за литература за 2023
5 октомври 2023Јон Фосе ја добива годинешната Нобелова награда „за неговите иновативни драми и проза кои му даваат глас на неискажливото“, објаснуваат од Шведската кралска академија на науките. Тој е роден на 29 септември 1959 година во Хаусгесунд, Норвешка.
64-годишниот Фосе е романсиер, драматург, раскажувач, поет, есеист, писател за деца. Драмите и романите на Јон Фосе се преведени на повеќе од четириесет светски јазици. Неговите драми се играни во повеќе од 700 театри низ светот и тој е еден од најзначајните светски современи драматурзи.
Објавил дванаесет романи, дваесет и шест драми, две книги со раскази, седум книги со песни и две книги есеи. Негови најважни романи се Меланхолија I (1995), Меланхолија II (1996), Утро и вечер (2000), Тоа е Алес (2004) и Будност (2007).
Претходните години лауреати беа Ани Ерно, Абдулразак Гурнах, Луиз Глик, Петер Хандке и Олга Токарчук.
Нобеловата награда за литература се доделува од 1901 година, а прв добитник е францускиот писател Сили Придом.
Нобеловата награда за хемија вчера им беше доделена на Мунги Бавенди, Луис Е. Брус и на Алексеј Екимов за откривањето и развојот на квантната точка.
Беа објавени и победниците во областите физика, медицина и физиологија.
Нобеловата награда за мир ќе биде доделена на 6 октомври, додека признанието за економија ќе биде доделено на 9 октомври.